Вечерва МЗТ му гостува на Работнички
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ќе го пречека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во натпревар со кој ќе биде отворено 6.коло во Суперлигата. Почетокот на „вечното дерби“ во Градски парк е во 17 часот и 30 минути.
За денеска е закажан уште еден дуел. Во Гевгелија од 19 часот играат домаќинот Кожув и Струмица.
Шестото коло кое требаше да се одигра пред четири дена, а беше одложено поради изборите, ќе биде комплетирано утре со натпреварот Куманово - Лирија.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 5-0 (победи-порази), Кожув 4-1, Лирија 2-3, Работнички 2-3, Куманово 2-3, Струмица 0-5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа