Многу важна информација за сите претплатници на T-Mobile

 

Т-Мобиле ги известува корисниците дека во изминатиот период (март и април) имаше зголемен број на спам повици и СМС, од  броеви што почнуваат на +88, +22 и +21 и +29. СМС пораките кои циркулираа беа обично со  содржина  „Имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“.

Доколку броевите беа пријавени, Т-Мобиле веднаш ги блокираше. Но, оние корисници кои бирале повратно на спам броевите, ќе добијат или веќе добиле несакани трошоци.

Т-Мобиле, за да ги заштити корисниците  јавно информираше за оваа појава и советуваше да не се бираат повратно овие броеви.

Иако не станува збор за пропуст на мобилниот оператор, заради сигурноста и задоволството на нашите корисници, одлучено е сите трошоци од горенаведените броеви и СМС да се отпишат од априлската сметка (воопшто да не се прикажат во сметката), а сите приговори во врска со вакви трошоци од март, да бидат прифатени и корисниците да бидат обештетени.

Станува збор за појава, која не е нова и не е локална и во наредниот период останува да важи советот да не се бира повратно на вакви броеви, се вели во соопштението на Т-Мобиле.

29.04.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега