Хорор во училишен двор - Ја избодел со нож бидејќи не му возвратила љубов

17- годишната П.В ученичка во средното техничко училиште во Белград, повредена е вчера околу 14.20 кога со нож ја нападнал 17- годишниот А.И. Девојката била веднаш пренесена во болница, откако другарите на девојчето виделе што прави нивниот соученик почнале да го тепаат за да ја заштитат неа па така и лицето А.И завриши во болница.

Како што информираат од полицијата најверојатно причината за наподот била невозвратена љубов, но сепак истрагата е во тек.

- Девојката се враќала од училиште и на паркингот од училиштето ја пресретнал лицето А.И започнале расправија па момчето извадило нож и ја избодел девојката, раскажуваат од полицијата за српски курир.

Криците на уплашената девојка ги слушнале нејзините соученици.

- Чим виделе што се случува дека нивната другарка е нападната и повредена, учениците веднаш истрчале да и помогнат. Почнале да го тепаат напаѓачот неколку пати по глава и му го одземале ножот од рацете. За среќа што другарите ги слушнале криците на девојката инаку којзнае што би се случило, велат од полицијата.

 

 

 

30.04.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега