„Кралевите“ ги скршија „баварците“ - Реал прв финалист во ЛШ

 

На убедлив начин со високи 4:0 синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен, екипата на Реал Мадрид го победи се уште актуелниот европски првак Баерн и со вкупни 5:0 се пласира во финалето од Лигата на шампионите.

Домаќините слично како и на дуелот во Мадрид имаа поголем посед на топката, но беа немоќни да ја пробијат одбраната на „кралскиот клуб“ која во соработка со средниот ред беспрекорно функционираше.

За Реал ова е прво финале по 2002 година, а хендикеп на завршниот дуел ќе биде неиграњето на Чаби Алонсо кој синоќа по еден непретпазлив старт доби жолт картон, еден имаше акумулирано претходно од друг натпревар.

Кој ќе биде противник на Реал Мадрид во големото финале во Лисабон, ќе дознаеме вечерва по завршување на реванш-полуфиналниот дуел Челзи - Атлетико Мадрид (0:0 прв натпревар).

МИА

30.04.2014 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега