Илчо Ѓорѓиоски во просториите на ФФМ прими висока делегација од УЕФА

 

Првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски денеска имаше работен состанок со високи претставници од УЕФА, Жан Франсоа Домерк, одговорниот на одделот за фудбал на УЕФа и Јан Лупески, секретарот на одделот на УЕФА. На средбата беа анализирани потребите на ФФМ во поглед на новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. 

Пред средбата гостите го проследија тренингот на академијата на ФФМ, заедно со нашиот координатор на националните селекции Зоран Стратев. На истиот беа презентирани новите фудбалски правила кои веќе ќе се применуваат во мечевите од младинските конкуренции. 

- Не радува тоа што Фудбалската федерација на Македонија веќе работи според дел од нашата програма, тоа за нас е многу важно бидејќи ни треба партнер кој веќе ја има поставено базата. За ФФМ тоа е фудбалската академија и младинските селекции, а наша цел е да ви помогнеме во целост да ги реализирате тие проекти и заеднички да се радуваме на новите играчи кои ќе ги создадеме во иднина. Позитивно сме изненадени од вашата грижа за најмладите, за фудбалската академија, за детската лига, ги слушнавме идните планови за зголемување на бројот на паралелки за фудбалска академија, сето тоа е дел од вредностите на УЕФА и среќни сме што ФФМ ги прифаќа. Целта на овие проекти е тактички, технички и физички да бидеме многу посилни по нивното завршување, изјави Јан Лупески.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ја потенцираше важноста која ФФМ им ја дава на младите, но напомена дека е потребна поддршка од УЕФА во однос на едукацијата на тренерите кои работат со младите фудбалери.

- ФФМ ги прифаќа принципите на УЕФА, а основниот е „Фудбалот на прво место“. За нас е многу значајно што УЕФА ја препознава нашата желба да го направиме многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но наша задача е постојано да ги развиваме, унапредуваме и преиспитуваме содржините на програмата за работа на академијата. Рековме дека нашата визија е да ја претставиме Академијата како водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина, истакна првиот човек на ФФМ.

Ѓорѓиоски верува дека ФФМ заедно со Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт, поддржани од УЕФА мислам дека ќе успе во својата намера. 

- Пред гостите од УЕФА ја презентиравме програмата, се запознаа со условите за работа, побаравме помош во однос на работата со млади категории, ни треба европското искуство за работа на тренери со млади категории и тренери за физичка подготовка. Ова е нов одличен проект, ФФМ ја заработи почитта од УЕФА благодарение на проектите кои веќе ги реализираше и се надевам дека повторно ќе ја добиеме поддршката која е многу значајна не само за академијата туку и за националните селекции. Искрено се надевам дека ќе бидеме дел од овој проект на УЕФА, изјави Ѓорѓиоски.

На состанокот во „Куќата на фудбалот“, високите гости од УЕФА ја презентираа програмата пред селекторите во младинските национални селекциии и тренерите од фудбалската академија. 

ФОТО: Курир

01.05.2014 - 14:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега