Атланта загуби во шестиот меч - Перо со скромен учинок
Кошаркарите на Индијана постигнаа победа против Атланта и го изедначија дуелот на 3-3 во добиени натпревари. Индијана славеше со 95:88, а натпреварот беше решен во последната четвртина која гостите ја добија со 31:21.
Тандемот Пол Џорџ и Дејвид Вест кај победникот постигнаа по 24 поени, додека најефикасен на натпреварот беше Џеф Тиг од Атланта со 29 поени. Нашиот Перо Антиќ постигна 5 поени и имаше 6 скокови. Мајсторката се игра в сабота вечер во Индијанаполис.
И на другите два натпревара одиграни ноќеска екипите кои беа во негатива од 2-3 во победи се изборија за мајсторки т.е. изедначија на 3-3.
Оклахома Сити триумфираше на теренот на Мемфис со 104:84, а најефикасен беше Кевин Дјурант со 36 поени. Голден Стејт го победи ЛА Клиперс со 100:99, а Стефан Кари со 24 поени беше најпрецизен на натпреварот.
Вечерва играат: Бруклин - Торонто (2-3 победи), Далас - Сан Антонио (2-3) и Портланд - Хјустон (3-2).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа