Збогум Руфи Османи
Лидерот на НДП, Руфи Османи си поднесе оставка од претседателската функција во партијата. Заедно со Османи, одговорноста за изборниот пораз ја прифатија и секретарот на партијата, Изет Зекири и потпретседателите Артан Дика и Гиктен Хазири.
Сите остануваат во структурите на партијата, но се повлекуваат од раководните места. Ослуките ги сооштиле на вчерашната седница на највисокото партиско тело, Централното собрание што се одржа во Гостивар.
„Имајќи морала и менаџерска одговорност за неисполнување на националните и политички цело, на врвот на НДП и во функција на можност за нови млади кадри за унапредување на политчката активност на НДП, се поднесуваат оставки од раководните позиции, стои во партиското образложение.
Партијата до изборот на нов лидер ја раководи привремен совет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа