Стечајците од Дебар добија решенија за надоместок
Во рамките на остварувањето право на паричен надоместок на стечајните работнции од претпријатијата во доминантна државна сопственост, деновиве решенија добија поранешни работници на Tекстилниот комбинат „Новост“ и погонот на Охридски ЕМО во Дебар.
Според раководителот на Бирото за вработувањ во Дебар Афет Авмедоски, станува збор за правото на паричен надоместок во износ од 7.100 денари кое го оствариле 13 поранешни работници на споменатите фирми, кои имаат статус на невработени. Тоа се лица од општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива Бирото.
- За остварување на ова право аплицираа повеќе од 40 поранешни работници на споменатите фирми, но тие сеуште се во фаза на обработка, по што ќе се знае точната бројка на стечајните работници кои ќе го остварат ова право. Секако, оние кои ќе добијат негативно решение ќе имаат право на жалба, вели Авмедоски.
Работниците кои добиле позитивни решенија се многу благодарни на Владата за овој чекор, зашто како што велат, тешко до работно место доаѓаат помладите, а не тие кои до пензија имаат по две, три или четири години. Правото на стечаен надоместок тие ќе го оставруваат до пензија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа