Зголемен бројот на работници во индустријата

 

За 7,3% е зголемен бројот на работниците во индустријата во март 2014 во однос на истиот месец од претходната година. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи опаѓање од 1.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.5%.

03.05.2014 - 11:01
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега