Вардарки за малку не изборија финале во Лигата на Шампионите

 

Ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ несреќно загубија во полуфиналето од Лигата на шампионите на „фајнл фор“ турнирот во Будимпешта. По дополнителните 10 минути Будуќност го победи Вардар СЦБТ со 22:20 откако во регуларниот дел беше 16:16.

По изедначениот почеток на натпреварот во „Арената Ласло Пап“ и по водството на Будуќност од 5:4, до крајот на првиот дел Вардар СЦБТ постигна само два гола и противничкиот тим по 30 минути имаше предност од 11:6, а тимот од Подгорица водеше и со 6 голови (11:5). Во овој дел од играта ракометарките на Будуќност со груба игра ја неутрализираа играта на македонскиот првак во нападот, а имаа четири исклучувања.

Во вториот дел избраничките на Индира Кастратовиќ полека почнаа да ја намалуваа предноста на Будуќност, а покрај добрата игра во одбрана се истакна и Амадин Лејно на голот, која имаше 11 одбрани во овој дел (вкупно 14). Ракометарките на Вардар СЦБТ од резултат 10:15 со серија од 6:1 стигна до изедначување (16:16) во 57.минута.

Во првото продолжение Будуќност беше подобар со 4:1 и поведе со 20:17. „Вардарки“ стигнаа до уште едно изедначување 20:20 (четврто на натпреварот), но немаа сили за пресврт бидејќи Будуќност во последните две минути постигна уште да гола за победа.

За тимот на Вардар СЦБТ головите ги постигнаа: Андреа Лекиќ 6, Алисон Пино 5, Јулија Николиќ 3, Ана Ѓокиќ 2, Сираба Дембеле 2, Јованка Радичевиќ 1 и Татјана Хмирова 1.

Кај Будуќност најефикасни беа: Кристина Неагу со 6 голови и Мајда Мехмедовиќ со 5. На голот Клара Волтеринг имаше 14 одбрани.

Во првото полуфинале европскиот првак Ѓер го победи Митјиланд со 29:26.

Утре Вардар СЦБТ во натпреварот за 3.место од 14:30 часот ќе игра против Митјиланд, додека во финалето од 17 часот играат Ѓер и Будуќност

03.05.2014 - 20:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега