Лекиќ: Ми се гади од сето ова
Најдобрата светска ракометарка и еден од бековите на Вардар, Андреа Лекиќ видно разочарана по поразот на Вардар од Будуќност во полуфиналето од Лигата на шампионите. По еден силен удар од пикерот на Будуќност, Драгана Цвијиќ, Лекиќ заработи повреда поради која најверојатно нема да игра во мечот за трето место. По натпреварот, Цвијиќ и се извини, но Лекиќ не го прифати извинувањето.
„Не знам ни што ми кажа после мечот. Но, толку силно ме урди во дијафрагмата што 30 минути ми се повраќаше. Ова беше намерно удирање. Никогаш досега не сум реагирала на вакви дуели, но ова ги премина сите мерки. Па уште и судењето. Ми се гади од сето ова. Најискрено, со солзи во очите зборува Андреја Лекиќ додека со силни болки во стомакот се движи кон соблекувалната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа