Кариерата не ми дозволува да имам многу деца- се отвори Шакира

 

Познатата колумбиска пејачка Шакира планира кратка пауза во кариерата за како што вели да му посвети повеќе време на синчето.Таа вели дека оваа пауза нема долго да трае и дека тоа се всушност  подготовки за малиот Милан да може секаде да патува со неа.

- Се надевам дека наскоро ќе се навикне на честите патувања. Брзо се адаптира, и за сега сака да патува со авион, вели Шакира.

Пејачката призна дека сега повеќе мисли на иднината, а особно на иднината на своето дете.

-Сега е се поинаку, се е насочено на него, многу размислувам за иднината и за условите што тој ќе ги има кога ќе порасне. Би сакала да не ми остане син единец, туку да има многу браќа и сестри. Да не се занимавам со оваа професија, веќе повторно ќе бев бремена, рече пејачката, која додаде дека тоа би била нејзината специјална фудбалска екипа.

04.05.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега