Владата го отпишува долгот за кредит со хипотека до 24.000 евра за секое семејство
Исландската влада неодамна потврди дека на секое семејство ќе му го прости долгот со хипотека во висина до 24.000 евра. Со тоа, се исполнува едно од клучните изборни ветувања на Прогресивната партија, која ги доби изборите. Одлуката на премиерот Сигмундур Давид Гунлагсон наиде на жестоки критики на меѓунаодните финансиски институции, но и на огромно одобрување кај граѓаните на Исланд кои во мнозинство му ја дадоа довербата на изборите, благодарение токму на ветувањето дека ќе ги намали нивните долгови.
Според официјалните пресметки на исландската Влада, во просек, долгот на секое домаќинство ќе се намали за околу 13% а мерката ќе почна да се применува од средината на годинава. Се проценува дека вкупниот трошок ќе изнесува 1,2 милијарди долари и ќе се дисперзира во четири различни години.
Исланд е мала земја со околу 320.000 жители и токму затоа меѓународните финансиски институции како ММФ предупредуваат дека Исланд има мал фискален простор за дополнително намалување на долговите на семејствата и дека одлуката требала да се ограничи само на семејствата со ниски прмања.
Веднаш реагираше и агенцијата Стандарт и Пурс која го намали кредитниот рејтинг на Исланд од стабилен во негативен.
Поради фактот дека Исланд станува познат пример на земја која на прво место ги става интересите на граѓантие а не на банкарите, островот стана трн во око за меѓународните кредитори. Ним не им е во интерес низ целиот свет да се прочуе за исландските мерки за решавање на економската криза и презадолженоста, поради што тие прават се исландската пракса да се спречи и да не почне да се шири во другите земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа