Пукна тиквата - се разведува Нивес Целзиус
Тие важат за еден од најпознатите парови на Балканот, но изгледа дека пукна тиквата и овој пат Нивес Целзиус и Дино Дрпиќ сериозно размислуваат за развод.
Пријатели блиски до парот наведуваат дека тие имаат криза во бракот, која трае изминативе неколку години.
Причината за крајот на врската која трае од 2004-та година и од која парот има две деца, парот не сака да го коментира.
Нивес и самата неодамна признала дека веќе подолг период не поминува време со сопругот како пар.
"Морам да признаам дека не паметам кога последен пат направивме нешто како пар или сме отпатувале некаде сами. Мислам дека најмногу што сме направиле е ручек или кафе", изјавила таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа