Македонските одбојкарки ќе ги одмерат силите со Црна Гора
По пауза од пет години женската македонска одбојкарска репрезентација вечерва ќе одигра натпревар. Во првото коло од квалификациите за Светското првенство во Италија, нашата репрезентација во Херцег Нови ќе игра против домаќинот Црна Гора. Почетокот на натпреварот е во 20 часот.
Голем хендикеп за селекторот Горан Јаневиќ е тоа што од претходниот собир само две одбојкарките се присутни во Црна Гора: Марија Петровиќ и Велика Сарајлиева. Неискуството и само трите дена подготовки се исто така голем проблем за постигнување позитивен резултат на овие квалификации.
Во групата во Херцег Нови играат уште селекциите на Хрватска и Босна и Херцеговина.