Латас: Ајде да ги oбјавиме јавно нашите примања па да видиме кој е платеник
Здружението на новинари на Македонија и уште неколку невладини формирани за наводно подобрување на стсојбите во новинарството годишно вртат околу еден милион евра од странски фондации. Најголемиот дел од тие пари, завршуваат кај една група новинари, кои дваесет години ги држат сите овие релации, а кои Драган Павловиќ Латас, новинар и уредник на ТВ Сител, во интервјуто за Прес 24, ги дефинира како новинарска мафија.
- Само најкрупните бројки да ги земеме за пример. Роберто Беличанец кого ЗНМ го третира за медиумски експерт, има на располагање 500.000 евра фонд за унапредување на новинарството. Тоа се пари од странска амбасада кои се трошат за хонорари на таа група, измислени трибини и слични настани кои никој не ги забележува и кои никому не требаат освен на групата која парите ги добила, а ЗНМ е тука да даде заклучок дека проектот бил неопходен и дал резултати, вели Павловиќ Латас за Прес 24.
Главниот уредник на ТВ Сител кој нa оваа позиција е повеќе од 15 години вели дека од моментот кога почнал да ги истражува врските на групата новинари, ја добил етикетата дека е платеник на власта. Латас во интервјуто за Прес24 јавно ги повикува сите новинари од таа група јавно да ги обелоденат сите примања кои ги остваруваат.
-Платеник е збор кој не го разбирам. Тоа е квалификација. Не сум корисник на ниту еден тендер, на ниту еден владин проект, акции од фирми или фондација. Кога пред пар години тргнав интензивно да барам кој и како ги плаќа новинарите врзани на Сорос и ЗНМ, изнесував и сега давам примери и докази за тоа. Како одговор, тие се обидуваат да создадат баланс со етикетата - тој е платеник на власта. Тоа е очекувано, и дел од ризикот за кој сум свесен дека ме чекал кога сум тргнал во ова. Но, јас неколку пати јавно им предложив, па еве и сега ќе повторам: тие и јас јавно да ги презентираме своите приходи, пријавени и оданочени. Да ги споредиме своите имоти, вклучително и блиските во семејството... и да видиме кој што и како работел, барем десетина години нанзад. Тие го одбиваат мојот предлог, вели за Прес24, Латас
Латас смета дека ЗНМ, никогаш не ја изврши функцијата која што треба да ја има како едно здружение на новинари.
-Никој, во пошироката јавност, никогаш не знаел колку точно членови има ЗНМ. Бројката ја претставувале онака како им одговара, а никој немал јавна контрола врз тие податоци. Се воделе членови кои починале, се пензионирале, не се веќе во новинарството... по инерција, со години. Тоа е една од причините зошто тие не сакаат да се донесе законот за медуми. Прашање е зошто ЗНМ сака живот и работа без постоење закон? Кој има интерес ако некоја дејност се одвива без закон? Само оној кој навикнал да работи без закон, без јавен увид и одговорност, вели во интервјуто за Прес24, Драган Павловиќ Латас
ПРЕС24: Како ретко кога досега на медиумскиот простор во Македонија има ривалство. Здружението на новинари на Македонија веќе ја нема онаа лагодна позиција што ја имаше како единствено здружение. Колку Македонската асоцијација на новинари може да внесе една нова идеја во поглед на организирањето на новинарите?
ЛАТАС: Самиот факт дека се афирмира и предизвикува интерес уште една асоцијација на новинари, во случајов МАН, говори дека ЗНМ, или Здружението на новинари на Македонија, не ја врши својата работа онака како што новинарите тоа со децении го очекуваат од нив. Тие постојат од времето на едноумието, продолжија по тие стандарди две децении во самостојна Македонија, и ако погледнете ниту еден проект, закон или стандард нема зад нивните активности, а кој битно влијае на новинарската работа. Дури и едниствениот нивни проект, трансформација на клеветата од кривична во граѓанска постапка нанесе штета на слободата на новинарите и ја зголеми можноста од притисок и казни за нивната работа.
ЗНМ постоеше, и се уште постои, една група од 10-20 луѓе две децении да ротира на функции во ЗНМ, па привремено во невладини организации под покровителство на фондацијата Сорос, па пак назад во ЗНМ... и така, две децении делење функции и пари од проекти, претежно од странски фондации и дипломатски извори врз кои пари таа група има веќе монопол. А, да се потстиме, тоа се најмалку 2-3 милиони евра годишно во рацете на една новинарска олигархија.
ПРЕС24: Општиот впечаток меѓу новинарите е дека токму ваквите здруженија не се ништо друго освен еден начин како да се дојде до пари од странски фондови. Тоа можеби е една и од причините за слабиот интерес на новинарите за членство во ваквите организации?
ЛАТАС: Никој, во пошироката јавност, никогаш не знаел колку точно членови има ЗНМ. Бројката ја претставувале онака како им одговара, а никој немал јавна контрола врз тие податоци. Се воделе членови кои починале, се пензионирале, не се веќе во новинарството... по инерција, со години. Тоа е една од причините зошто тие не сакаат да се донесе законот за медуми. Ќе мора да се води, и презентира, точна бројка и проток на активни членови на новинарските асоцијации. Ќе мора точно да се знае кој и како аплицира и прима пари од донации, фондации и дипломатски извори. Ке се запали светлото во собата во која две децении се говори во мрак.
ПРЕС24: Колку пари се во игра, честопати се шпекулира дека милионски суми се вртат во ЗНМ, и неколку други здруженија кои изминативе дваесет години ја имаат доминантната позиција?
ЛАТАС: Кога ќе збориме за пари кои се вртат во ЗНМ треба да се гледа на цела една група која е во ЗНМ, но и нивните припадници кои го користат ЗНМ и функционерите од ЗНМ за покритие на тие проекти, а ЗНМ потоа им возвраќа со легализација, препорака или поддршка за проектите по што парите се делат. Тие проекти за кои се добиваат пари, и во називот и во описот речиси без исклучок се однесуваат на унапредување на новинарството, поддршка на новинарските слободи, подигање на новинарските стандарди... бла,бла,бла... накитени наслови и описи зад кои не стои ама баш ништо, освен систем од оние кои бараат пари, оние во ЗНМ кои проектите ги подржуваат и прават афирмација на истите и најполсле, оние кои парите ги делат и процесот го прикажуваат како релевантен.
Само најкрупните бројки да ги земеме за пример. Роберто Беличанец кого ЗНМ го тертира за медиумски експерт, има на располагање 500.000 евра фонд за унапредување на новинарството. Тоа се пари од странска амбасада кои се трошат за хонорари на таа група, измислени трибини и слични настани кои никој не ги забележува и кои никому не требаат освен на групата која парите ги добила, а ЗНМ е тука да даде заклучок дека проектот бил неопходен и дал резултати.
од фондовите на Сорос, преку проекти од типот на ГЕМ, сајтови каде се тие спонзори и невладини организации кои, постојано се активни за новинарските права... следат над 1 милион ера годишно.
Деновиве дознав дека Газменд Ајдини, новинар од таа група, добил 400.000 евра од македонски пошти за пазарни активности. Тоа се, до сега, 1.900.000 евра. Ако кон ова се додадат активностите на македонскиот институт за медиуми, институт за ова... институт за она... а се работи за обични здруженија на граѓани кои од институт немаат ни И... секому е јасно дека имаме цела мрежа на новинарска мафија врзана во и околу ЗНМ која глуми виртуелен свет на грижа за новинарството. Ова има смо една цел: да се измисли проблем, да се понуди решнние од едни исти луѓе, и да се најде фонд од страство кој тоа ќе го плати. Нормално, ќе го плати кај нив затоа што никој друг нема ни пристап ни конекции кои тие ги развивале, создавале и бранеле со години. Сега МАН, или Македонската асоцијација на новинари почнува да зборува јавно за ова, и тоа е сериозен проблем кога ќе допрете во инетерсите на добро органзирана група која врти најмалку два милиони евра годишно без јавна контрола.
Насјпосле, толку пари да се потрошат секоја година за решавање на новинарските проблеми, а проблемите две децении да останале истите... значи дека за тие пари ништо не се направило. Тоа е физички доказ дека парите се потрошиле за себе, а не за новинарството.
ПРЕС24: Каде завршуваат тие пари? И со која цел ги уплаќаат странските фондации?
ЛАТАС: Тие пари завршуваат кај таа група од 10-20 луѓе врзани во систем на интереси. Мал, многу мал дел завршува кај новинари кои за хонорари од стотина евра по настап на некоја трибина ќе се приклучат на проектот, ќе дадат легитимитет за годишниот извештај и во своите медуми ќе ја поджуваат групата новинарска мафија надевајќи се дека еден ден и тие ке станат крупен играч во играта. Странските фондови, најчесто, имаат чесни намери. Даваат пари за проекти кои, во крајна цел, треба да доведат до демократски процеси и подигање на новинарскте стандарди. Но, еве десет-дваесет години нема резултати, а парите се потрошени.
Мафијата, за тие дваесеттина години развила контакти, релации, веројатно и финансиски интереси со некои од донаторите... и мрежата е заштитена од увид и јавна контрола. Било кој од нас, надвор од мафијата, неможе да влијае бидејќи немаме таков вид релалции со фондациите и институциите, немаме што да делиме со нив, и немаме конекции кои се таму познати па информацијата добиена од кругот на новинарската мафија станува релевантна.
Две децении СДСМ и Сорос фондацијата на партискиот функционер Милчин создавала конекции, препораки и подршка за таа група пред амбасади, меѓународни асоцијации и фондации. Нив ги знаат, тие одат на приеми и промоции... Тие го фалат СДСМ, а СДСМ ги фали нив кога ќе дојде до некое прашање за релевантноста на нивното работење. Тое е виртуелен свет и претстава која е тука, пред нашите очи.
За пример: Борјан Јовановски, Ацо Кабранов или Билјана Секуловска со години се ирелевантни новинари. Безначајни во јавниот живот и без авторитет во јавноста. Но, ако ги погледнете списоците на користени пари од странски фондови, ако ги погледнете сите покани или остварени лични средби на амбасадите или странските фондации, тие или ним сличните се најчесто споменувани. Ние создаваме мислење во јавноста, а тие создаваат мислење кај дипломатите и фондациите. Свретете се околу себе, и видиете кој каква работа завршил.
ПРЕС24: Неколкупати досега изминативе 20 години не беше тешко да се препознае дека некои потези на ЗНМ се во функција на политиката. Сега тие го прозиваат МАН за ставање во функција на политиката на актуелната власт, особено пред носењето на законот за медиуми?
ЛАТАС: Тоа е обид да се сврти вниманието од главните теми. Кој е член на ЗНМ, кои се нивните активности и каде одат парите кои се трошат под покровителство и во спрега со ЗНМ. МАН, или Македонската асоцијација на новинари, не може да биде во функција на ВМРО затоа што се залага за донесување на закон. Па кажете ми во која област на јавните професии нема закон: има за лекари, за судии, за спортисти, за уметници... само за новинари нема. Прашање е зошто ЗНМ сака живот и работа без постоење закон? Кој има интерес ако некоја дејност се одвива без закон? Само оној кој навикнал да работи без закон, без јавен увид и одговорност.
Видете на дело како тоа функционира: Гордана Дувњак е функционер и во ЗНМ и во Фондацијата Сорос на Тамара Чаусидис како прв човек на Судот на честа во ЗНМ и престанува мандат, веќе наредниот месец се формира ново здружение на граѓани таканаречен новинарски синдикат каде таа е претседател... па после тие со ЗНМ се подрзуваат и соработуваа. И делат пари од проекти, нормално.
ПРЕС24: Во овој период се појави една сериозна информација, најпрвин во коментар на Мирка Велиновска, а потоа и Вие пишувавте нешто, па и други колеги. Кои се новинарите кои во деведесетите биле плаќани за мир во куќа во времето на транзицијата?
ЛАТАС: Тоа е само дел од пакетот на новианарската мафија. Во времето на транзицијата новинарите блиски до СДС извршија злосторство врз интересите на барем 200.000 граѓани кои зарди таквата транзиција останаа без работа. СДСМ присвојуваше јавен имот, а таа група новинари во јавноста ја смируваше атмосферата и одработуваше за СДСМ и нивните олигарси. Нетпрес на својот сајт ги објави и имињата на тие новинари кои добиле акции во фирми во кои никогаш не работеле, ниту акциите ги купиле на берза, за да влијаат јавноста да не се буни и ги штитат интересите на олигарсите. Тоа се луѓето од кругот на ЗНМ.
ПРЕС24: Се чувствувате ли како платеник на владеачката гарнитура?
ЛАТАС: Платеник е збор кој не го разбирам. Тоа е квалификација. Не сум корисник на ниту еден тендер, на ниту еден владин проект, акции од фирми или фондација. Кога пред пар години тргнав интензивно да барам кој и како ги плаќа новинарите врзани на Сорос и ЗНМ, изнесував и сега давам примери и докази за тоа. Како одговор, тие се обидуваат да создадат баланс со етикетата - тој е платеник на власта. Тоа е очекувано, и дел од ризикот за кој сум свесен дека ме чекал кога сум тргнал во ова. Но, јас неколку пати јавно им предложив, па еве и сега ќе повторам: тие и јас јавно да ги презентираме своите приходи, пријавени и оданочени. Да ги споредиме своите имоти, вклучително и блиските во семејството... и да видиме кој што и како работел, барем десетина години нанзад. Тие го одбиваат мојот предлог.
Освен ова, кога ќе се види резултатот од работата, нештата стануваат уште по јасни. Во моите 32 години поминати во новинарството, јас сум 4 години уредник во Радио Вокс, 16 години уредник во Сител и седум години уредник во Вечер... патем, имам завршено факултет за политички науки, како и економски факултет, и на крај сум докторирал економија... три издадени книги, и два научни труда... таа биографија е соодветна на приходите кои се пријавени, оданочени и јавно достапни. Која е биографијата на Борјан Јовановски, Ацо Кабаранов, Светлана Јовановска, Никола Гелевски, Бранко Геровски, Роберто Белицанец, Гордана Стошиќ, Билјана Секуловска, Ѓунер Исмаил, Џабир Дерала, Гордана Дувњак... која е нивната мисија во новинарството, колку работни места и редакци смениле, колку медиуми кои тие ги уредувале и воделе пропаднале и колку новинари отишле потоа на улица, кои од нивните медиуми биле во врвот по својата вредност пред публиката... Муринњо зад себе има резултати и омраза од неуспесните кои ни со наместнеи натпревари, ни со допингувани играчи, ни со мафија зад себе немаат ни сенка од неговиот успех. Им преостанува само гнев, сплетки, завист и странски фондови како компензација за пазарниот неуспех.
Драган Антоновски, мој колега од Сител кој е дел од тие кругови, се потпишува под проглас на СОРОС против уредник и против прилози на сопствената редакција. Око не му трепнува, и нема срам од своите колеги со кои работи. Истиот Драган Антоновски повеќе од една година не работи ништо, а прима плата од Сител. Држи место на некој новинар кој нема работа, а би сакал поштено работи во својата професија и биде платен за тоа. Антоновски нема ништо против Сител да го плаќа за ништо, но има против уредувачката политика на Сител. Се брани од отказ со тоа што бил синдикален функцинер на новинарски синдикат кој никаде не е дел од синдикална органзиација. Тоа е карактерот на таа групација.
Како што е карактер фактот дека таа банда профитери троши милион евра годишно пари од фондови за да се укине казна за клевета, а повеќе од дваесет новинари од таа група профитери поднеле кривична пријава за клевета само против мене. Треба ли уште...?
Секогаш кога Македонија се наоѓала пред некој сериозен политички предизвик: транзицијата, војната во 2001, спорот со Грција... тие биле на другата страна, спротивно од интересот и волјата на мнозинството Македонци, а блиски до парите кои стоеле на располагање од другата страна.
ПРЕС24: Како Вие го перцепирате новинарството? Што е слободно, независно, објективно новинарство?
ЛАТАС: Не постои независно новинарство. Тое е привилегија на уметниците, па и таа слобода е ограничена со политички, верски или кулурни интереси на средината во која создаваат. Постои слободно новинарство. Тоа се состои во слободата да избереш медиум во кој ќе работиш согласно своите принципи и способност. Ако нема таков, слобода да се здружиш со себе слични и отвориш медиум во кој ќе ја оствариш својата фикција, под услов пазарот и публиката да те подржат во тоа. Тоа е слободно новинарство, плус постоење и спроведување закони во кои рамки може слободно и безбедно да работиш.
ПРЕС24: Законот за медиуми. МАН, за разлика од ЗНМ е дел од процесот на разговори со предлагачите на законот. Двете здруженија имаат дијаметрални ставови. Зошто е неопходен ваков закон?
ЛАТАС: Законот, по својата филозофија и принципи, е тука да ги заштити малите од големите. Да го заштити новинарот од уредникот, а двајцата од газдите и центрите на моќ во политиката и бизнисот кои преку сопствениците можат да влијаат на уредувачката политика и слободата на новинарот. Потербен е да го заштити новинарот од нелојална конуренција. Секој може да си го земе новинарскиот текст и пренесе на свој сајт, да созодаде профит за себе, а на новинарот да не му плати. Потребен е закон за да се дефинира што е тоа новинар, што е тоа медиум, и кои се правата и обврските на тие субјекти. Граѓанинот мора да има законска заштита од злоупотреба на негивиот углед и приватност, а медиумот мора да биде заштитетн од секоја будала која регистрира сајт и издава интерна новинарска легитимација со која влегува во избирачки одбори, рекетира фирми и поединци... под форма на новинарство. Ја брука и компромитира професијата на која ниту и припаѓа, ниту ја извршува.
ПРЕС24: Колку членови има во монетов МАН? А колку ЗНМ? Одговорот на тоа прашање е битно, бидејќи од репрезентативноста ќе зависи кое од здруженијата ќе го предлага еден од членовите на Агенцијата за медиумите?
ЛАТАС: МАН, заклучно со крајот на мај годинава има околу 200 членови, со уредно палтена членарина и потпишани пристапници. Насер Селмани тврди дека ЗНМ имала 500-600 членови што е комично, и на линија на манипулациите кои се дел од генот на ЗНМ. Ние сметаме дека ЗНМ нема повеке од 150-160 членови со уреден статус. Во Македонија нема 700-800 луѓе кои професионлано се занимаваат со новинарство, ама Селмани тврди дека ЗНМ има повеке членови, отколку што има новинари во Македонија. Законот на кој инстистираме го регулира и ова, па затоа ЗНМ бега од законот. И МАН и ЗНМ ке мора да прикажат, и докажат со пристапници и уплатници колку активни членови имаат и тогаш ова ќе се види црно на бело.
ПРЕС24: Зошто тврдите дека ЗНМ и со опструкција на Законот за медуми врши работа за СДСМ?
ЛАТАС: ЗНМ има различен став за законот за медиуми секоја недела. Од тоа дека не ни треба закон, па дека не ни треба ваков закон, па дека треба да се одложи јавната расправа... сето тоа е купување време и надеж дека нема да се донесе законот пред СДСМ да се врати на власт, а потоа се е лесно за Селмани и ЗНМ.
Но, ЗНМ не се новинарите во Македонија. Тоа е само еден дел од новинарската професија и целосен дел од новинарската мафија, затоа нивните иницијативи немаат одѕив и ефект во јавноста. Нивните повици на бојкот ниту еден релевантен медиум не ги подржа, нивното бегање од законот ниту еден новинар не го гледа како свој интерес бидејќи без закон најпогоден е новинарот, а најзадоволни газдите и мафијата со фондовски и невладини пари врзана за ЗНМ и во ЗНМ.
За нивна жал, СДСМ нема скоро да се врати на власт. И покрај нивната поддршка, и покрај нивното плукање на сопствената држава пред амбасадите и новинарските асоцијации надвор од земјава заради што и имаме лоши оценки за слободата на новинарството, и покрај нивните напори да ги оправдаат парите за кои треба да се одработи создавање атмосфера на несигурност и страв кај јавноста ако не се прифати се што се бара за делегитимација на македонската држава и општество. За нивна жал, сите да се откажат јас се уште ќе бидам тука, и ќе се борам против нив додека ме има. А ќе ме има подолго отколку што тие очекуваат.