Авион ја промаши пистата - повредени две патнички во Бугарија
Две жени се повредени кога авион со 172 патници за време на слетувањето на аеродромот во Варна ја промаши пистата.
Авионот „Ербас 320“ кој полета од Лајпциг, најверојатно ја промашил пистата поради лошите временски услови.
Едната повредена жена е Бугарка, а другата е од Германија.
Аеродромот во Варна по инцидентот е затворен.