Италијанската полиција ги обвини Мекејлеб и Илиевски за затајување на данок
Двајцата македонски кошаркари Лестер Бо Мекејлеб и Владо Илиевски од страна на италијанската полиција се обвинети за затајување на данок во периодот кога играа за Монтепаски Сиена.
Италијанските медиуми, обелоденија дека дури 17 поранешни играчи од овој тим затајувале данок со вкупна сума од 16 милиони евра.
Со нелегални методи менаџментот на клубот се користел за плаќање на странските играчи поточно преку странски сметки ги исплаќале нивните плати.
За Мек Кејлеб пишува дека направил прекршок во законот за фискалната година 2011/2012, а Илиевски не пријавил данок за платата која ја земал во 2008 година додека го носеше дресот на Монтепаски.
Во бурата која го зафати клубот Монтепаски Сиена, најмногу ќе настрада газдата Фердинандо Минучи кој е обвинет за злосторничко здружување со цел правење на кривично дело во областа на данокот и лажно фактурирање.
Минучи веќе е во притвор, а постои реална опасност клубот да го загуби прволигашкиот статус, да не му се дозволи играње на плејофот сезонава и да биде префрлен во најнискиот степен на натпреварување.
На листата обвинети играчи се Кшиштоф Лавринович, Римантас Каукенас, Шон Стоунрук, Ромен Сато, Бенџамин Езе, Хенри Домеркант, Николаос Зисис, Марвис Торнтон, Дејвид Мос, Малик Херстон, Дејвид Андерсен, Дејвид Хоукинс, Милован Раковиќ, Виктор Саникидзе, Игор Ракочевиќ, и двајцата наши кошаркари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа