"Имаше крв на сите страни, луѓето беа потрупани под земја" - исповед на патниците од страотната несреќа

 

Сега сум добро, но глетката постојано ми е пред очи. Ова се зборовите на младиот струмичанец Димитар Гоцевски кој бил еден од патниците во автобусот кој се судри со воз на патот Штип-Велес, пренесе Дума.мк.

-Најбитно е што нема жртви, но не можам да опишам каков беше моментот. Имаше многу крв и многу повредени, многу жално. Стари луѓе беше полн автобусот и студенти. Ова не може да се опише. Вадевме луѓе имаше потрупано под земја, јас бев до една жена, ја извадив надвор, истакна Гоцевски.

Друг патник, Димитар Пандев, кој исто така се возел со автобусот од Струмица кон Скопје, вели дека глетката била страшна: - -Спиев, ме разбуди врисок. Пазете, пазете. Ќе удрам во возот. Се разбудив од викотниците. Се слушна тресок. Страшно беше, сите луѓе беа еден врз друг имаше многу и врз мене. Излегов надвор и почнав да помагам во вадењето, рече Димитар  за Дума.мк.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител од Свети Николе и полициски инспектори. Патниците од возот со автобуси беа префрлени до Велес и Скопје. Повредените од автобусот се префрлени во велешката и штипската болница. Несреќата се случи утрово околу 7 часот.

13.05.2014 - 11:59
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега