Еднаш го прободел кај насипот втор пат пред болницата - детали за убиството во скопско Ѓорче
Еднаш го прободел кај насипот, вториот пат на скалите кај болницата. Очевидци на вчерашно убиство во Ѓорче Петров раскажуваат за ужасот кој се случувал пред очите на таткото на 19 годишниот Ангел кој го загуби животот.
Тие велат дека момчето го стигнало крадецот во близина на насипот. Тука се случил и првиот убод по што Ангел се повлекол кон скалите на клиниката но убиецот тргнал кон него. Го прободел уште еднаш. Ангел паднал на скалите а убиецот побегнал. Неговиот татко почнал да лелека. Соседите веднаш излегле. Убиецот меѓу куќите почнал да бега, но соседите го забележале. Полицијата веднаш го дошла на местото и го уапсила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа