Приведени 18 лица за вчерашните нереди во Ѓорче Петров

 

По извршеното кривично дело во непосредна близина на лице местото како и на повеќе локации низ Општина Ѓорче Петров се собраа поголема група на граѓани кои го искажуваа своето незадоволство. Дел од нив, во текот на вечерта, започнаа со нарушувања на јавниот ред и мир и оштетија повеќе возила и објекти. Со полициска интервенција беа приведени вкупно 18 лица од кои 5 малолетни. 

МВР продолжува да ја следи состојбата и да ги презема сите неопходни мерки во рамки на законските овластувања. Апелираме граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да не се инволвираат во нарушувања на јавниот ред и мир или други инциденти.

20.05.2014 - 13:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега