Скопската полиција ловеше лоши момци - тројца скопјани зад решетки
СВР Скопје го лиши од слобода 58-годишниот Ремзи Р. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “кражба”.
Исто така во текот на вчерашниот ден СВР Скопје го лиши од слобода 40-годишниот Тони Ш. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”, како и
47-годишниот Зоран Н. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за сторено кривично дело “разбојништво”.
20.05.2014 - 13:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа