Тензично во Ѓорче Петров:Шок бомби и солзавец
Нови немири во Ѓорче Петров избија вечерва, откако вчера во скопската населба беше убиен 19 годишен матурант. Репортерот на Прес24 од терен јавува дека ситуацијата е тензична, но забележително е исклучително силно присуство на полицијата, која се чини ја контролира ситуацијата. Од пред повеќе од два часа затворени се сите приоди кон населбата. На терен се специјалните единици на полицијата, а по улиците околу Ѓорче Петров постојано се движат полициски возила со вклучени ротаторски светла. Нашиот репортрер јавува дека пристигнале и возила на брзата помош, а неколку стотици главно млади луѓе се однесуваат агресивно поради што полицијата е принудена да користи шок бомби и солзавец за да ја врати ситуацијата под контрола. Осомничениот за убиството жител на скопско Грчец попладнево беше изведен пред надлежниот судија кој според последните информации му одредеил мерка притвор во траење осд 30 дена. Екипата на Прес24 е на терен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа