Се вмеша ли и политика во протестите во Ѓорче?
Немирите во Ѓорче Петров добиваат политичка боја, се вмеша ли и политиката во протестите за убиеното момче. Дел од медиумите ги наметнуваат овие констатации, откако попладнево ескалираше судирот меѓу протестантите и полицијата.
-Навивачки групи кои се под контрола на опозицијата и Социјалдемократскиот сојуз се дел од протестот што во моментов се случува во скопката населба Ѓорче Петров и се обидуваат да предизвикаат судири со полициските службенции со цел протестите да се претворат во насилни и да ескалираат. Според информациите од теренот, најагресивните, оние кои најмногу провоциираат се познати како дел од навивачки групи кои имаат блиски врски со Социјалдемократите. Присустните на протестите велат дека постојатно се слушаат партиски директиви и инструкции, навреди на партиска основа, како и разговори дека по секоја цена треба да се предизвикаат судир со полицијата и дека на протестот се присутни со единствена цел да се направи инцидент што подоцна би можел да се искористи во партиски цел, пишува Нетпрес.
Порталот Денешен пишува дека меѓу присутните се шпекулира дека најагресивните и најпровокаторски елементи во толпата, кои ги наведувале останатите да предизвикуваат нереди, се познати како делови од навивачки групи кои се блиски до опозицијата.
-Дел од коментарите се и дека денешните протести се веќе видено сценарио, преку злоупотребување на вакви немкили настани од страна на одреден центар за моќ, политички да се профотира на сметка на државата и трагичниот настан. Се шпекулира и дека на проотестот од страна се присутни и лица кои во градските кругови важат за блиски до опозицијата кои ја подбуцнуваат масата да прави инциденти, се со цел да се насочи негативната енергија спрема владините институции кои се трудат да го одржат јавниот ред и мир по нападот од страна на толпата со камења и шишиња, пишува Денешен.
НетПрес додава дека меѓу присутните на протестот постојано се слушаат политички шпекулации и дезинформации со цел да се разгневат граѓаните кои на улици денеска излегоа во знак на протест поради убиството на осуманесетгодишниот Ангел Петковски.
-Според нашите информации, некои навивачки групи одбиле да учествуваат во протестот бидејќи уште при организација на протестот се појавиле информации дека може да има партиско политичка заднина. Токму поради тоа меѓу присутните на протестот во Ѓорче има навивачи од Центар. Луѓе задолжени за провоцирање и поттикнување на што поголем револт кај граѓаните. И во медиумите се појавија наслови кои се засноваат на деизнофрмации како дека има 50 повредени меѓу учесниците во протестот, додека официјалните информации говорат дека полицијата се обидува да ја држи ситуацијата под контрола и дека засега нема повредени граѓани, само еден полицаец се пожалил на повреда, пишува Нетпрес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа