ФОТО: Еве каква е состојбата во Ѓорче во моментов

 

Мирно е на улиите во Ѓорче Петров во моментов иако тензијата се уште се чувствува. Најголем дел од демонстрантите веќе си заминаа дома а на улица има помала група луѓе која брои неколку десетици. Полицијата се уште е на терен и иако е во помал број, успешно ја контролира ситуацијата. Веќе нема агресивни демонстранти, а оние кои се таму протестираат мирно.
Пожарникарите веќе ги изгасија запалените контејнери и населбата се чини дека полека се враќа во нормала.
Пред малку, полицијата на прес конференција соопшти дека привела 27 лица кои го нарушувале јавниот ред и мир и дека се уште нема пријави за повредени демонстранти. Од МВР информираа дека се повредени неколку полицајци но станува збор за полесни повреди.
Поголема група луѓе денеска протестираше во Ѓорче Петров изразувајќи го својот револт по убиството на 19 годишно момче од истата населба.

20.05.2014 - 22:54
Фото: 
Твитер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега