Состојбата на критичните точки во поплавените реони на Србија стабила
Како што утрово соопшти началникот на Секторот за вонредни состојби при српското Министерството за внатрешни работи Предраг Мариќ, состојбата на сите критични точки во реоните на Србија зафатени од поплавите е сега за сега стабилна.
Тој нагласи дека нивото на водата во реката Сава е „во стагнација и благо опаѓање“, додавајќи дека неговиот Сектор ги кординира своите активности со колегите од Босна и Херцеговина и Хрватска.
21.05.2014 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа