ФОТО: Се отвори дупка и проголта автомобил- возачот полесно повреден

По големите поплави, огромни дупки почнаа да се отвораат на патиштата во Србија. Автомобилот во кој бил белграѓанецот Бојан Тодоровски пропаднал во дупка која се отворила на една од градските улици, а возачот поминал со полесни телесни повреди и веднаш бил пренесен во болница.

Дупката на улицата се отворила одеднаш, а автомобилот пропаднал во неа со левото тркало.

Во инцидентот било оштетено само ветробранското стакло.

22.05.2014 - 09:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега