Уапсен крадецот кој го опустоши Обреновац

Зоран В. од Обреновец е уапсен по дојавата на тамошните жители кои приметиле како краде прехрамбена роба по продавниците во Обреновец. Како што пренесуваат србските медиуми Зоран В. го користел уморот на спасувачите и полицајцтие и во текот на ноќта упаѓал во куќите и продавниците и ја крадел робата. Тој беше уапсен вчера, а при претресот на неговата куќа пронајдена е и воздушна пушка и робата која самиот ја украл. 

„Пронајдовме прехрамбени намирници, кисела вода, месо, шампони, сапуни, сирење, паштети... како и камери кои ги земал од некои од продавниците. По апсењето е приведен во станица. Особено се згрозивме кога во неговиот стан пронајдовме пивски флаши кои ги крадел од поплавените продавници“, изјави за Курир еден од полицајците кои биле на увид. 

Крадењето во ситуации на вонредна состојба е тешко кривично дело, предупреди вчера директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.

 
22.05.2014 - 10:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега