Не ми ставајте сол на раната, не сум ги нашол жената и детето- се огласи херојот од Обреновац

Поплавите кои ја погодија Србија беа вистински хорор за Слободан Недељковиќ – Џамбо. Пишувањето на невистини е “ставање сол на рана“- вели Џамбо, кој со својот пријател спаси повеќе од 400 луѓе, деца, трудници, стари, болни.

Џамбо, херојот од Обреновац, ги негира пишувањата на дел од српските медиуми дека ги пронашол сопругата и синчето.

Тој вели дека не сака титула херој, туку само има желба да го пронајде своето семејство и низ солзи раскажува дека го погодиле невистинитите пишувања на медиумите.

-Тоа е лага, се’ што сакам е луѓето да престанат да измислуваат лаги, а весниците да објавуваат, вели Џамбо и додава дека чувствува тага и бес.

Тој додава дека од првиот ден деноноќно спасувал свои сограѓани, а во текот на поплавите му исчезнале сопругата и синот. Вчера се појавија информации дека ги пронашол, но за жал, тоа не се случило.

-Во весниците напишаа дека сум ги пронашол жената и детето и дека сум среќен човек. Тоа не е точно, вели Џамбо за Б92 и додава дека изнесувањето на невистини било ставање сол на раната.

Џамбо и покрај личната трагедија која ја преживува, не престанува да му помага на народот. Моментално е сместен во прифатилиштето на Белградскиот саем, од каде оди да помага таму каде што е потребно.

 

23.05.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега