ВИДЕО: Херојот кој го спаси животот на малата Сара од поплавите

Полицаецот Мирко Вукомановиќ го спаси животот на малата Сара од поплавите во Свијалнац. Таткото на Сара, Минан Ристиќ раскажува како овој добар човек ја спасил неговата ќерка.

 -Беше нервозна кога почна се да се случува. Буквално ја извелковме од креветот...Таа почувствува дека нешто се случува...Кога дојде до тоа дека моравме да ја пренесеме до багерот, многу се потресе. Никогаш во животот не сум ја слушнал толку силно да плаче - вели таткото.

Полицаецот Вукомановиќ дошол  до родителите на малата Сара  и се фрлил од багерот во водата и веднаш го фатил девојчето.

-  Милан  ми ја подаде Сара и јас тогаш го пренесов девојчето на суво - рече скромниот полицаец.

23.05.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега