Осуманесет мртви по 11 се трага по поплавите во Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа изјави дека се пронајдени 780 од 809 пријавени исчезнати лица, додека за 18 од 29 е потврдена смрт, а за 11 други се уште се трага.

- Утре ќе имаме конечен список, бидејќи е вршена обдукција, колку луѓе се удавени и колку загинале, изјави Вучиќ за РТС.

Вучиќ нагласи дека во извештајот ќе бидат содржани имиња на настраданите, како и датум и причини за смрт. 

29.05.2014 - 09:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега