Си ја задавил сопругата со која има три деца - хорор во Босна

Си ја видела ќерката како мртва лежи на кревет. Уште еден хорор деновиве ја потресе БиХ.

Според податоците на српскиот Курир, 33-годишен Босанец си ја задавил сопругата, од засега непознати причини.  Двајцата живееле во Австрија и како што велат сите нивни пријатели и соседи, биле сосема нормално и среќно семејство. Истрагата покажала дека жената била задавена, а засега не се знае дали хоророт се случувал пред очите на нивните три малолетни дечиња.

- Дефинитивно се работи за убиство. Жената била задавена, но засега не се познати мотивите, велат од полицијата. Наводно, сопругот повикал брза помош откако го напрвил грозоморното дело, но потоа сам и се предал на полицијата.

Од друга страна, соседите на семејството велат дека секогаш биле смирени и расположени и дека во домот владеела хармонија. Немаат идеја зошто сопругот го извршил убиството.

Телото на жената го пронашла нејзината мајка која е скршена од болка.

 

30.05.2014 - 13:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега