Новинарот кој го нападна Бред Пит доби казна затвор
Украинскиот новинар Виталиј Сеидук доби казна од 30 дена затвор затвор, забрана за присуствување на било каков јавен настан, условна казна од 36 месеци и 20 дена општокорисна работа, поради напад на Бред Пит.
Новинарот на премиерата на филмот „Maleficent“ во Лос Анџелес на црвениот тепих, најпрво скокнал, го гушнал па го удрил Бред Пит.
Актерот од шокот не реагирал никако, но затоа неговото обезбедување веднаш го привело.
01.06.2014 - 10:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа