"Летал" со автомобилот па ја однел сестра си во смрт - згасна детски живот во Србија

Уште една голема трагедија ја скрши Србија од тага и болка. Детски живот згасна во страотна сообраќајна несреќа која се случила во саботата.

Според податоците на српскиот Ало, се работи за 14-годишната Милица М. која загинала во автомобил марка "Голф" со кој управувал нејзиниот 24-годишен брат Марко. Тој и уште еден тинејџер кои биле во автомобилот поминале само со гребнатинки.

Девојчето било на прослава за полуматура, а нејзиниот брат дошол за да ја земе и одведе дома. Во еден момент додека се возеле, тој изгубил контрола и удрил со возилото во ограда. Според податоците од полицијата, возачот бил под дејство на алкохол и возел пребрзо.

Нека почива во мир!

01.06.2014 - 10:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега