Џорџ Клуни ќе стане политичар?

 

Не е тајна дека славниот холивудски актер Џорџ Клуни ја сака политиката, а во неговиот круг на пријатели, покрај останатите политичари, е и американскиот претседател Барак Обама. Изгледа дека приказните за неговата политичка амбиција, кои со години се шират по Холивуд, се вистинити.

Британски „Дејли Мирор“ пишува дека 53-годшнот актер после венчавката со свршеницата Амал Аламудин, која ќе се одржи во септември, планира од актерски, да влезе во политичките води.

- Има големи амбиции и планира веднаш да влезе во политика. Се надева дека во 2016 година ќе се придружи на демократите во кампањата за претседателски избори, изјави извор близок до актерот.

Клуни е познат по неговиот политички активизам. Во 2012 година уапсен е во суданската Амбасада во Вашингтон каде протестирал против претседателот Омар Ал-Башар. Неодамна призна дека на хуманитарната мисија во Дарфур му се заканувале со смрт.

Во неговата нова свршеница актерот пронајде идеална партнерка за почеток на политичката кариера. Иако зад себе има низа врски со разни убавици, една од најдобрите британски судијки подобро ќе му „прилега“ во политичката кампања, пишуваат лондонските таблоиди.

- Сега кога покрај себе ја има Амал, тоа му дава повеќе кредибилитет при кандидатурата за претседател на САД, заклучи изворот.

02.06.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега