По Геце и Левандовски во Баерн Минхен

 

Еден од менаџерите на Левандовски Чезаре Кучарски, истакна дека фудбалерот на Борусија Дортмунд од следната сезона ќе игра за Баерн Минхен. 

- Роберт на лето ќе замине во Барен. Тој сака да оди и тоа ќе се случи. Само е прашање на време. Сето тоа може да се заврши за недела или две. Чекаме сигнал од клубот и работиме на трансферот. На Роберт му е потребен нов предизвик, да биде опкружен со нови играчи и тренер, изјави Кучарски.

По саботното финале во Лигата на шампиони во кое Баерн ја совлада Борусија со 2:1, тренерот на „баварците“ Јуп Хајнкес го навести доаѓањето на Левандовски.

Договорот на полскиот напаѓач со Борусија истекува во јуни 2014 година. Левандовски годинава во дресот на Борусија одигра 48 натпревари и постигна 36 голови

најчитано сега