Кумановчанец и тетовчанец ќе одговараат зашто кучињата им нападнале луѓе
Полицијата поднесе две кривични пријавиз а истото кривично дело „предизвикување општа опасност“. Ќе одговараат еден кумановчанец и еден тетовчанец- и двајцата имале бесни кучиња кои нападнале луѓе.
Во првиот случај, 14 годишно момче се шетало низ тетовски Челопек кога крај него поминал 19 годишен тетовчанец кој водел куче. Кучето во еден момент се оттргнало од ланецот и го нападнало малолетното момче и му нанело телесни повреди.
Во вториот случај кучето на 61 годишне кумановчанец нападнало 55 годишна жена.