Го претепале, го прободеле па пукале кон него - драма во Сарај
Вистинска драма се одвивала вчера во селото Анаркија. 25-годишниот С.Ј. и 21-годишниот А.Ш. го пресретнале 29-годишниот Н.Џ. од истото село, по што ја зголемиле брзината на возилото и испукале неколку куршуми од пиштол.
По кратко време во селото, пред чајџилницата каде се наоѓале С.J. и А.Ш, пристигнал Н.Џ по што настанала расправија која кулминирала во тепачка. Во тепачката учествувале и други лица кои се наоѓале во чајџилницата, по што со остар предмет на Н.Џ. му биле зададени повеќе убодни рани во пределот на нозете и телото, а од пиштол бил испукан еден куршум.
Н.Џ е пренесен во болницата „8-ми Септември“ каде е задржан на лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа