Волци изеле маж кој сакал да влезе во Македонија

Диви животни масакрирале емигрант во близина на македонската граница, од бугарска страна, пишуваат медиумите во Софија.

Случајни минувачи вчера околу 20 часот го пронашле трупот на мажот, кој најверојатно бил убиен од волци. Изгризаното тело било пронајдено во реонот на селото Долно Тишаново. Според бугарските медиуми, телото било без глава и крајници.

Се работи за маж на возраст од околу 40 години. Тој бил нападнат во обид да ја мине границата со Македонија.

Полицијата не пронашла никакви документи во остатоците од облеката на мажот. Се уште нема прецизни информации за неговиот идентитет, но, се претпоставува дека станува збор за емигрант.

 

12.06.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега