Бомба експлодираше во скопска дискотека

Експлодираше бомба во скопскиот ноќен клуб „Мистик“. 

Според информациите на полицијата, инцидентот се случил ноќта меѓу вторникот и средата кога засега непознато лице го скршило стаклото од вратата и внатре фрлило рачна бомба кашикара.

Од експлозијата која настанала, бил оштетен инвентарот во објектот. Полицијата извршила увид на местото и се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

12.06.2014 - 12:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега