Десетгодишно дете повредено во страшна несреќа во Скопје

Десетгодишно дете синоќа заработило тешки повреди во сообраќајна несреќа што околу 20:40 часот се случила во скопската населба Хиподром. Во несреќата учествувал и автомобил „Рено меган“ со скопски регистрации зад чиј волан бил скопјанец.

Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои една е со тешки телесни повреди, седум со материјална штета и четири со телесни повреди. Повреди заработиле тројца возачи на патнички моторни возила и еден возач на мопед.

На скопските улици се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

 

 

13.06.2014 - 09:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега