Страотна сообраќајка во Белград- таксист починал возејќи и прегазил едно лице

 

Едно лице загина а две се повредени во страотна сообраќајка што се случи утринава во Белград. Загинатиот е на возраст од околу 70 години.

Според првичните информации се претпоставува дека возачот починал и дека така го предизвикал судирот. Неговото возило удрилот во „тојота“ во која биле две девојки, а „тојотата“, пак потоа удрила во бандера и се свртела.

За среќа девојките седеле напред бидејќи задниот дел од нивниот автомобил бил потполно уништен. И двете се здобиле со тешки повреди на главата и биле пренесени во Ургентен центар.

Возачот кој ја предизвикал несреќата продолжил да се движи со автомобилот околу 70 метри и удрил право во бандера.

13.06.2014 - 11:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега