Пукал во колегата по грешка - детали за инцидентот во кој полицаец од Тетово повреди свој колега

По грешка пукал во својот колега. Press24 Од извори во истрагата дознава дека пукањето кое утрово се случило во Одделението за безбедност во сообраќајот во Тетово, било несреќен случај. Според нашите информации, двајцата полицајци утрово се подготвувале да осат на аистенција. Во еден момент, додека го подготвувале оружјето, пиштолот на едниот полицаец испукал шти што го погодил својот колега. Другите полицајци кои биле во Одделението за безбедност на сообраќајот ов Тетоов веднаш притрчале. Кога виделе што се случува веднаш повикале Интна помош по што повредениот полицаец е пренесен во Медеицинскиот центар во Тетово, а поради сериозноста на повредите, префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Според последните информации, по лекарската интервенција тој е надвор од животна опасност.
Неговиот колега, според последните информации ќе одговара кривично, но при процесот против него, како олеснителна околност ќе биде земен предвид фактот дека пукањето било несреќен случај

13.06.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега