Спасено 12 годишно дете кое се давело во Охридското Езеро

 

Спасителитe од охридскиот Црвен крст вчера во Подградец, Албанија спасија од давење 12 годишно момче кое скокнало од педалинка во Охридското Езеро.

Според информациите од охридската организација, детето било заедно со уште пет други деца. Тие го следеле Светскиот куп за акробатски параглајдеризам што се одржува во Поградец од педалинка. Во еден момент, кога биле оддалечени од брегот, момчето скокнало во езерото, педалинката се оддалечила од него и момчето почнало да се дави.

Спасителите веднаш реагирале и момчето било извадено од копно без никакви здравствени потешкотии.

- Се се’ заврши добро, без никакви потрајни здравствени последици по момчето. Нашите тимови уште еднаш покажаа дека се подготвени да интервенираат и реакциите на самите организатори беа навистина многу позитивни. Токму затоа планираат следното Светско првенство да го организираат повторно над водите на Охридското Езеро, но од македонска страна, изјавил претседателот на Црвен крст Охрид Сашо Точков.

Два тима на спасители на вода од Црвениот крст Охрид со комплетна опрема го обезбедуваат Светскиот куп за акробатски параглајдеризам, кој од четвртокот се одржува во Поградец, Република Албанија.

14.06.2014 - 12:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега