Доживеал мозочен удар, ја пробил банкината и излетал од патот - уште една страотна сообраќајка
На магистралниот пат М-17 во Босна во понеделникот во 21 часот и 30 минути се случила страотна сообраќајна несреќа во која камион излетал. Според информациите од Дневни Аваз, се работи за 62-годишниот Ч.Н. кој возејќи со голема брзина, загубил контрола и ја пробил банкината на патот, а потоа излетал од мост и се здобил со тешки повреди.
Според податоците, најверојатно возачот доживеал мозочен удар, и така загубил контрола над камионот, по што се случила несреќата. Брзата помош го пронашла Ч.Н. без свест, а моментално се наоѓа во кома. За среќа, нема серизони повреди на главата.
Инаку, со камионот во моментот на несреќата возачот пренесувал безалкохолни пијалоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа