Заврши средбата Груевски-Заев: Договор нема

 

Без договор заврши средбата меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола груевски и Зоран Заев. Лидерот на опозицијата во изјава за новинарите рече дека по првата средба со премиерот увудел дека договор не може да има бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ немало расположение за прифаќање на клучниот услов техничка влада. Заев истакна дека не е оптимист дека ќе се најде решение и потврди дека за тоа знаел уште пред да почне средбата, а во клубот на пратеници се појавил, за да не остави впечаток дека опозицијата бега од соочувањето со крупните теми. 

Во секој момент се очекува и изјавата на премиерот Груевски.

24.06.2014 - 14:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега