Опасно лизгање на земјиштето во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје, на местото каде што некогаш се наоѓаше Графичкиот завод Гоце Делчев, а во непосредна близина на италијанската амбасада, денес фирмата Настел врши ископи за градба на хотел. При ископ на прилично голема адупка, извршено е поткппување на уличната инсталација како и подривање на јавни и приватни површини кои служат за тротоари. Во јануари годинава сопственикот на Настел, Зоран Азаманов, е известен дека работи спротивно на законот, и побарано е санирање на штетите но, до денес тоа не се завршило согласно барањата на општина Центар. Со зачесетените поројни дождови се случува свлечиште кое веќе навлегло делумно во улицата и се заканува да урне дел од неа, и оневозможи движење, како и соголување на електричната инсталација која се користи за јавна расвета. Токму улицата 8-ма ударна бригада е многу фреквентна, и единствена која се користи од страна на седум станбени објекти, 2 големи деловни згрдаи и од амбасадата на Италија во Република Македонија.

27.06.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега