Објавен тестаментот на Метју Пери: Откриенo кој ќе добие најголем дел од неговиот имот и пари

Метју Пери го остави најголемиот дел од својот имот и пари на здружението „The Alvy Singer Living Trust“, кој самиот го основа.

Актерот почина во октомври минатата година, на 54-годишна возраст, од акутни ефекти на кетамин, а правен документ сега открива дека тој го оставил својот имот на здружението кое го именувал по ликот во филмот Ени Хол од 1977 година.

Само вредноста на личниот имот на Пери, со кој располагал кога починал, вреди милион долари. Додека вкупната нето вредност била многу повисока од милион долари.

Во тестаментот е наведено дека корисници на здружението се неговите родители Џон Пери и Сузан Морисон, неговата полусестра Кејтлин Морисон и Рејчел Дан, со која тој нема крвно сродство.

Вредноста на актерот се проценува на 120 милиони долари, а во документите е наведено дека неговите лични работи се проценуваат на 1 милион долари, што не вклучува накит, уметност, автомобили…

12.03.2024 - 17:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега