Обожавателка на Роби Вилијамс доживеа несреќа на концертот на пејачот - моментално е во кома

Концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј го одбележа немил настан.

Имено, додека публиката ги пееше хитовите на познатиот пејач, една од обожавателите се обиде да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп-ѕвездата.

Според првите информации, оваа 70-годишна жена се лизнала и паднала преку шест реда седишта на стадионот „Алијанц“.

Таа добила повреди на главата и лицето за време на инцидентот и итно била пренесена во болница во критична состојба.

Повредената обожавателка е во кома и ќе биде на интензивна нега, пишува „Дејли мејл“.

17.11.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега