Од идната недела пролетно време: Одиме со температури и до 18 степени
УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во Скопје утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Од четврток утринските температури ќе се движат меѓу -3 и – 13, а дневните од -1 до 9 степени.
За време на викендот исто така не очекува релативно студено време особено во утрински часови. Ведрото време ќе ја спушти температурата и до минус 10 на одредени места, додека во текот на денот ќе имаме многу сонце кое ќе донесе температура до 15 степени.
Во последната недела од најкраткиот месец во годината се најавува крајот на зимата. Уште од почетокот на неделата утринските температури ќе почнат да растат. Се уште некаде ќе бидат неколку степени под нулата но затоа дневните во Скопје се очекуваат околу 15 степени а на одредени места ќе се искачат и над 18. Такво време не чека цела наредна недела се до петок кога се најавува наоблачување и услови за врнежи од дожд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа